Одборот за акредитација на високото образование иако даде акредитација за основање на Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Мерко во Струга, го одби барањето за акредитација на студиската програма за медицински сестри, затоа што не биле исполнети законските услови. Тоа значи дека Факултетот не може да започне со работа, велат од Одборот за акредитација
Владата на седница на 9 април даде согласност за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, која во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери. Одборот за акредитација формира Комисијата која еднаш го вратила проектот на доработка, но следниот пат дала зелено светло. Потоа Одборот издава решение за акредитација за основање Факултет за здравствени науки на Меѓунардниот универзитет во Струга.
Следна е Комисијата на Министерството за образование , која на терен ја утврдува фактичката состојба, врз основа на што министерот носи одлука. Но, иако на Владата во заминување и се брзаше, одборот за акредитација не даде дозвола за студиските програми. Министерот Шаќири, вчера потврди дека го потпишал решението за отпочнување со работа на Факултетот за здравствени науки во Струга, но вели дека се е законски.