Политичката партија Македонски Концепт со делегација претставена од Претседателот Петар Богојески и Потпретседателот и лидер на Дипломатското Јадро Самуел Наумовски Вицкиус на покана од страна на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, зема учество на респектабилниот Форум за Безбедност на Црното Море 2024 ( Black Sea Security Forum ).
За Форумот:
Форумот за Безбедност на Црното Море служи како клучна платформа за дијалог, соработка и стратешко планирање за безбедноста и стабилноста на регионот на Црното Море. Обединува креатори на политики, експерти и заинтересирани страни за да се адресираат најтешките предизвици и да се продлабочи соработката за заедничка корист на регионот.
Клучни Иницијатори:
Иницијативата е предводена од истакнати парламентарни лидери на Украина, вклучувајќи ги: Олекси Гончаренко, Ивана Климпуш-Цинцадзе, Олександр Мережко, Кира Рудик, Вадим Халајчук и Арсениј Пушкаренко како и исклучителните, Полковник Ричард Кемп, Генерал Весли Кларк – бивши Врховен командант на НАТО, 28миот Премиер на Австралија Х.Е. Тони Абботт, Директорката на CEPA г-ѓа Кетрин Сендак и одразува заеднички напор кон адресирање на заедничките предизвици вклучително и промоција на меѓусебните интереси во регионот на Црното Море.
Дневен Ред:
Дневниот ред на Форумот за Безбедност на Црното Море 2024 опфаќа дискусија на разновидни теми кои се критични за регионалната безбедност и иден просперитет, вклучувајќи ги, но не и ограничени на:
Предизвиците во регионот за безбедност
Економски развој и трговија
НАТО интеграција и интеграција во ЕУ
Стратешки партнерства
Активности:
Како претставници на Македонска Концепт, Петар Богојески и Самуел Наумовски земаа активно учество презентирајќи ги националните интереси на Република Македонија во овие области, а кои се во прилог на Македонската Кауза, со цел зголемување и продлабочување на соработката на Република Македонија со Република Украина, Европската Унија, НАТО и Америка и адресирање на заедничките предизвици во регионот на Црното Море и Европа. Нивното присуство го одразува стремежот на политичката партијата Македонски Концепт за мир, стабилност, просперитет на Обединета Европа.
Заклучок:
Форумот за Безбедност на Црното Море 2024 претставува неоценлива можност на засегнатите и заинтересираните страни да се обединат, да разменат перспективи и да го дискутираат проблемот поврзан со прашањето со Бугарија како Црно-Морска Земја, како земја која има директно влијание врз Македонските Евро-интегразии и која носи последици за Европа и регионот. Со активното учество на Претседателот Петар Богојески и Потпретседателот Самуел Наумовски Вицкиус и сите уважени учесници, се очекуваат плодни и конкретни резултати кои ќе бидат од корист за Македонската Кауза, за сите учесници на Форумот, вклучително и за Република Македонија и за Република Украина.
Центар за kомуникации и aнализа на Македонски Концепт