На патниот правец Гостивар-Охрид рано утринава е усмртена мечка откако во неа удрил автомобил.
Сообраќајната несреќа, која била пријавена на единствениот број за итни случаи 112, се случила во 5:37 часот изутринава кај вториот каменолом на патот Гостивар-Охрид.
Од Регионалнит центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираат дека на местото на несреќата се полициски службеници од станицата во Гостивар и увидна полициска екипа. За отстранување на пцовисаната мечка од патот известени се и Националниот парк „Маврово“ и ТППЕ Гостивар.