Само по 30 часа, возбудата од детскиот плач згасна по веста дека лекарите од нив бараат потпис за транспорт до скопските клиники. Таткото револтиран, затоа што 18 часа не добил конкретна информација за состојбата.
Деталите може да ги погледнете во продолжение:
Од битолската Клиничка болница велат дека до утринската визита состојбите со сега мртвото бебе биле во ред, состојбата драстично се влошила во саботата околу 15 часот. Од скопската Клиника додаваат дека бебето кај нив било однесено без знаци на живот.
Мртвото тело е веќе дадено на обдукција, која треба да ги даде вистинските причини за смртта. Родителите децидни дека правдата ќе ја бараат преку релевантни институции.
Извор: МРТ