Предлогот беше инициран од САД и неколку земји од Европската унија.
Одлуката на Генералниот одбор да не го вклучи Тајван во дневниот ред на собранието беше соопштена од министерот за здравство на Бутан, Дашо Дечен Вангмо, кој беше претседател на состанокот.
Постојаниот претставник на Кина во канцеларијата на ОН во Жeнева, Чен Ксу, изјави дека кинеската Влада подготвила соодветни аранжмани за учеството на овој остров во глобалните здравствени активности врз основа на принципот „една Кина“, додавајќи дека централната влада го известила Тајван за пандемијата 260 пати и од избувнувањето на Ковид-19 досега на Тајван 16 пати му има одобрено учество во здравствените технички активности на СЗО.
Ксу ги повика релевантните земји да престанат да ги политизираат здравствените проблеми и да го искористат проблемот со Тајван како изговор за мешање во внатрешните работи на Кина.
– Пред собранието, повеќе од 150 земји, преку дипломатсми канали, изразија поддршка за одлуката на Кина. Покрај тоа, наведува медиумската групација ЦМГ, претставници на речиси 80 земји-членки испратија писма до СЗО да ја изразат својата посветеност на принципот „една Кина“ и се спротивставуваат на учеството на Тајван во Собранието на СЗО, рече Ксу, додавајќи дека ова е уште еден доказ дека принципот „една Кина“ е стремеж на меѓународната заедница и преовладувачки тренд.