Големите пекарски компании по закон треба да се снабдуваат со електрична енергија од слободниот пазар каде цените не се многу високи, појаснува Бислимоски. Тој апелираше производителите и трговците да се воздржат од шпекулации.

Во одговор на ова, Ѓорѓиевски му возврати: „Јас сум за лебот, ти си за струјата“, посочувајќи дека Бислимоски не е компетентен да ја објаснува пресметката за цената на лебот, бидејќи таа зависи и од други фактори како понудата и побарувачката, а не само од цената на електричната енергија.

Идниот премиер Мицкоски изјави дека ако побарувањето на ЕСМ резултира со поскапи сметки за граѓаните, тој ќе ја врати цената со можност за намалување, откако ќе започне новиот период на регулирање од 1 јануари. Мицковски очекува дека новата цена на струјата ќе биде под влијание и на профитната маржа на универзалниот снабдувач, која сега изнесува 9,9 проценти, а претходно била 11 проценти. Според него, ова нема значително да ги зголеми сметките на крајните потрошувачи.