Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција.

Граѓани  велат дека чекаат и до еден час за да ја поминат границата од грчката страна.

Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците раскажуваат дека целото патување се продолжува дури и за неколку часа.

Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.

Доколку сакате да ја избегнете гужбата на оваа граница, состојбата на границата може во живо да ја следите на овој ЛИНК