Македонското собрание започна дводневна дебата што води до гласањето за новата влада предложена од ВМРО-ДПМНЕ која победи на изборите одржани на 8 мај.

Грчките медиуми даваат кратко портрет на идниот премиер. Тие Христијан Мицкоски го опишуваат како 46-годишен професор по инженерство. Додаваат дека ветил дека ќе ги продолжи напорите на неговите претходници од левиот центар да ја чуваат малата балканска членка на НАТО во Европската унија.

Сепак грчките медиуми со низа критики кон Христијан Мицкоски. Додека тој ги брани националните интереси и нема попуслива политика како неговите претходници Зоран Заев и Димитар Ковачевски тие неговите настапи велат дека имаат „националистички тон“.

По националистичкиот тон на Мицкоски може да ги отуѓи соседните Бугарија и Грција, двете членки на ЕУ со моќ да го попречат пристапот на неговата земја во блокот од 27 нации. Се очекува Мицкоски лесно да победи на гласањето во недела, откако обезбеди поддршка од 78 пратеници во 120-члениот дом. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ја предводи коалицијата која освои нешто повеќе од 43 отсто од гласовите на изборите на 8 мај, освојувајќи 58 места – три помалку од владејачкото мнозинство. Мицкоски склучи коалициски договор со партијата на етничките Албанци „Вреди“ и малата левичарска ЗНАМ, обезбедувајќи удобно мнозинство, пишува Катимерини.

Оттаму додаваат и потсетуваат дека решавајќи го деценискиот спор се смени името од Македонија во Северна Македонија нашата држава влезе во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ веќе јасно го покажа своето негодување за договорот, што може да ја загрози поддршката на Атина за пристапот на нејзиниот сосед во ЕУ, пишува весникот.

Весникот објаснува дека клучни домашни предизвици во владата ќе вклучуваат зајакнување на владеењето на правото, истовремено справување со корупцијата и сиромаштијата и заживување на забавената економија.

Тие објаснуваат дека главен проблем за Македонија ќе биде признавање на Бугарите и нивно ставање во уставот, но се осврнуваат и на проблемот со нивната држава.

За новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ тие пишуваат дека нејзината заклетва ги налутила грчките и претставниците на ЕУ нарекувајќи ја нејзината земја Македонија кога ја положи свечената заклетва. Таа подоцна инсистираше на тоа дека има „човечко право“ да се однесува на својата земја како што сака.

Од друга страна пак, тие велат дека Мицкоски нема да е деструктивен.

Мицкоски неодамна изјави дека ќе го користи новото уставно име – Северна Македонија – за време на заклетвата и на сите официјални средби и настани. Но додаде дека ќе се држи до Македонија во неформалните комуникации.

Преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и со земја-кандидат Албанија започнаа во 2022 година и се очекува процесот да трае со години.

Според парламентарните правила, гласањето за владата мора да се одржи до недела на полноќ.