Големи врнежи од дожд и град во Тетово и тетовско. Има поплавени домови, а пожарна бара да биде исклучена струјата од цел град. Првиот човек на ТППЕ Тетово ова го бара заради ризикот кој може да има струен удар. Поплавени се подрумските простории, многу куќи и останати објекти.

Во моментов додека се воспоставува контакт стигнуваат видеа и од патарината од Тетово каде исто така е хаос.

Поплавени се стотина куќи, а екипите се на терен. Во продолжение може да видите дел од фотографиите. Извор: Телма, Скопје1