Нова трагедија ги потресе македонските граѓани. Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со брза помош кое требало да се пренесе од прилепската болница до Скопје. Неговата мајка вчера попладнето го донела во прилепската болница во многу тешка состојба.

Педијатарот веднаш одлучил да го испрати во Скопје зашто станувало збор за бебе кое на осуммесечна возраст тежело само три килограми. Тоа не го издржало транспортот и починало на пат за Скопје.

Бебето немало извод од родените и затоа случајот е пријавен во полиција. Ќе биде извршена обдукција.