Освен во грчките медиуми, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов премиер на Македонија, Христијан Мицкоски е во центарот на вниманието и на бугарските медиуми.
Тие информираат за положената заклетва со уставното име на државата. Пишуваат дека веќе Христијан Мицкоски е нов премиер на Македонија, а неговата влада ја поддржаа 77 пратеници, 22 гласаа „против“, немаше воздржани. Ваквите разврски ги пренесе БГНЕС, но најмногу се осврнаа на „бугарскиот диктата“ за кој зборуваше Мицкоски.
„Бугарскиот диктат нема да помине додека сум премиер. Ова треба да ви биде јасно. Оваа грешка ќе го чини секој граѓанин на Македонија, но најмногу ќе ја чини Македонија, бидејќи пред да влезете во такви авантури требаше да седнете и да ни пружите рака да седнеме и да разговараме. Беше јасно дека оваа работа, како што ја замисливте вие или некој друг, нема да оди на тој начин. Ќе ја кажам срамната придавка затоа што ме тера да размислувам за срамот што и го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство, на моите деца, на моите неродени внуци и на оние по нив“, нагласи Христијан Мицкоски.
Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, албанската коалиција ВЛЕН/Вреди и движењето ЗНАМ, кои имаат огромно мнозинство од 78 пратеници во 120-члениот парламент.