Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 400 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.