Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија, објави Слободен печат.
Покрај Иљази, разрешени се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија.
Иљази беше во центарот на повеќе скандали поврзани со Клиниката за токсикоогија. Со вработените, а потоа и со новинарите не зборуваше на македонски јазик, имаше преведувачка.