На 24.06.2024 околу 20.30 часот во СВР Струмица од страна на Центарот за управување со кризи било пријавено дека малолетничка од Струмица движејќи се на патека кон манастирот „Свети Илија“, во близина на Струмица, паднала во дупка и се здобила со повреди.
По примената пријава, од страна на полициски службеник е стапено во телефонски контакт со малолетничката, по што била утврдена и локацијата на која се наоѓа.
Од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица веднаш било излезено на лице место и по кратко време девојчето било пронајдено, а во координација со пожарникари од ТППЕ Струмица била извлечена од местото и предадена на екипа на Медицински центар Струмица.