Речиси секој втор што одбил имал последици врз бизнисот
Централната власт минатата година била најголем подмитувач на бизнисот, алармира Стопанската комора. Според податоците, на компании им биле барани пари, од 1.000 до 10.000 евра, а на некои фирми преку 100.000 евра за полесно да се заврши некоја работа, покажуваат податоците од најновото истражување. Од оние што не прифатиле коруптивно барање, 48% рекле дека имале последици врз бизнисот.
Корупцијата останува најголем проблем
За 83,3% од компаниите корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјата кои мора веднаш да се решат, а 96% веруваат дека може да има успех во борбата против корупцијата. Анкетата спроведена лани, опфаќа 138 компании, од 48 дејности. Практично, централната и локалната власт им барале мито на соптсвениците од приватниот бизнис
Стопанска комора ќе потпише меморандум со Антикорупциска
За да се помогне во надминување на овој проблем, Стопанската комора ќе потпише меморандум за соработка со Антикорупциска и ќе реализира обуки за компании за етичко однесување.