Министерот за здравство – Арбен Таравари за нов директор на Клиниката за онкологија го назначи доктор Игор Стојковски.
Д-р. Стојковски доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која овој месец и истекол договорот на в.д. позицијата.
Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа.
Вчера новиот министер за здравство соопшти дека покрај Онкологија, нови директори се назначени и на Токсикологија и Неврологија, докторите Андон Чибишев и Фатмир Меџити.
Од друга страна се разрешени девет економски директори, раководни позиции на клинички кои новата Влада најавува дека целосно ќе ги укине.
Инаку, д-р. Стојковски од 1997 до 1998 година работи како лекар – волонтер на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, а од 2000 до 2004 година како лекар на специјализација на оваа Клиника.
Од 2018 до 2023 година бил доцент на Катедрата за онкологија со радиотерапија при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2023 година е вонреден професор на овој факултет.