Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1-ви јули.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, тврди дека нема да има ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. Посочи дека во изминатиот период голем број мали потрошувачи одат на слободниот пазар на електрична енергија каде, како што рече, има поволни услови и цените се пониски од оние на универзалниот снабдувач.