„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, соопшти МВР.
Голем застој и чекање на македонско-српската граница: МВР вели дека причината е засилена контрола
Г
Министерството за внатрешни работи информира дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.