Избори со однапред познат противник?
За многумина ова беа избори со однапред познат победник. Венко Филипче кој беше поддржан од Зоран Заев кој се уште е најмоќен во СДСМ имаше убедлива победа.
Приговор до комисијата
Еден приговор пристигна на адреса на Централната изборна комисија по гласањето за нов лидер на социјалдемократите. Го поднесе кандидатот Јован Деспотовски, кој укажа дека на голем број членови не им било дозволено да гласаат. Од Комисијата тврдат дека не биле многу, туку педесетина, а поголемиот дел од нив немале акредитации.
Деспотовски негодува
Според Деспотовски, претседател не може да се избере со 9.000 гласови, а при тоа на 10.000 луѓе да не им се овозможи да гласаат.
Новиот шеф на „Бихаќа“ најави консолидирање на СДСМ, како и обединување околу социјалдемократските вредности за да се врати довербата на членството.
Мицкоски со коментар
Честитка за изборот упати и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој на Филипче му посака успешна работа.
Петровска се откажа и даде коментар
На партиските избори за претседател, за Филипче гласаа повеќе од 9.000 социјалдемократи. Кандидатката Славјанка Петровска која се откажа од трката коментира – се боревме против заробена држава, добивме заробена партија.
Ваквата тема ја разговаравме и на нашата утринска емисија на Радио Лидер, а сите емисии од нашиот редовен подкаст „Еспресо со Златев и Боцевски“ се достапни на нашиот Јутуб профил.