Директот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска до Владата поднесе оставка од функцијата и притоа најави дека нема да бара апанажа. Иако сè уште лут дека, што како што кажа, викендот околу 13 илјади пријавени членови не успеале да гласаат за нов претседател на СДСМ за што и тој беше кандидат, а победи Венко Филипче, сепак најави дека во периодот што следи ќе се посвети на зголемен политички ангажман во партијата, пренесеува СДК.мк.
„Не е во ред тоа да пуштате на гласање луѓе за кои знаете како ќе гласаат односно дека ќе гласаат за вас, а притоа повторно да им се протнат 25 отсто што гласале спротивно, а на сите останати да им оневозможите да гласаат. Тоа не е во ред. Кога ќе го исправиме тоа, може да зборуваме за изборен процес“, останува на темата Деспотовски, укажувајќи дека не се во прашање 50-ина членови што не можеле да гласаат, како што сакале некои да прикажат, туку илјадници членови на партијата.
Прашан дали ќе направи фракција во СДСМ, тој негираше.
„Мојата цел е целосно да се посветам на еден ваков сериозен политички ангажман бидејќи тоа бара целосна посветеност. Не може половина ден да работам инвестиции, а другата половина политика. Таков сериозен политички ангажман и сериозна цел, а тоа е изградба на силна опозициска партија која ќе биде контролор или коректив на власта, подразбира целосен ангажман. Во наредниот период ќе се посветам целосно на политичкиот ангажман“, кажа Деспотовски.
На новинарско прашање одговори дека не му честитал на новиот лидер Филипче, туку дека се радува за Венко како за другар кој го одбрал пред 30 години, но не и за СДСМ.
„Овде не станува збор за Венко, туку за многу повеќе членови“, рече Деспотовски.