Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката денеска беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП.
Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.
Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.