Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, изјави дека не гледа можност за промена на преговарачката рамка на земјата, „и овој став не е променет по изборите во ЕУ“, пренесе БТА.
Бугарските медиуми се повикуваат од министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, каде тој објасни дека неговата земја доцни поради протоколот со Бугарија, дел од преговарачката рамка, поради што имало „суштински разговори во владата и со Брисел за да се најде најдобро решение без создавање проблеми“ на патот на земјата кон ЕУ. За уставните измени што ќе се случат беше потребен „инклузивен процес во кој ќе има широк национален консензус“.
Од бугарските медиуми се осврнуваат и на изјавите на премиерот. Иако американскиот амбасадор изрази сличен став како оној на Гир, вчера премиерот Христијан Мицкоски инсистираше дека може да се смени дури и Договорот за добрососедство со Бугарија, како што беше направено да се додаде „францускиот предлог“.
И Румен Радев на иста линија како бугарските медиуми. Тој вели дека не е можна промена на преговарачката рамка, ниту пак да се договорот да се промени. Радев е дециден дека договорот треба да се спроведе, наместо да се репреговара.