Вработувања нови се потребни, но тоа ќе биде преку конкурси и легално, изјави денеска новиот директор на клиниката за токсикологија Андон Чибишев. Директорот посочи дека дефинитивно од денеска спорните 18 претходно нелегални вработени нема да доаѓаат на работа. А до надлежните институции ќе се проверува целиот процес на работа. Чибишев потврди дека буџетот на клиниката е оштетен за 650 илјади денари бидејќи спорните вработени биле исплаќани со пари од клиниката кога Иљази била економска директорка, објавува Канал 5.
Директорот на токсикологија посочи дека вработена е само биологот без кого клиниката не може да функционира. Тој веќе разговарал со министерот за нови вработувања. На клиниката нема доктори, сестри, болничари, хигиеничари. Најмладите доктори се над 50 години.
Чибишев вели дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции.