Мицкоски подготвен да разговара со експерти
Премиерот Христијан Мицкоски изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со амбасадорите за најавената реформа поврзана со Судскиот совет и со Советот на јавни обвинители. Тој им одговори на дел од дипломатите во земјава, кои искажаа противење на неговите најави за распуштање на овие тела квалификувајќи го тоа како мешање во судската власт.
Мешање во внатрешните работи
Тој пак, во нивните изјави гледа практика на мешање на амбасадорите во внатрешните работи на државата и непочитување на фактот што за оваа влада гласале 600 илјади граѓани.
„Ако има подобро решение, ќе прифатиме“
Мицкоски уверува дека доколку му предложат подобро решение ќе го прифати, но дека вака како што е веќе нема да може, затоа што не се казнуваат криминалците и корумпираните.
Амсадаротие со порака
И амбасадорката на САД, Агелер, предупреди дека не смее да се дозволи никој да биде над законот. Евроамбасадорот Гир пак, порача дека не се согласува со идејата за распуштање на советите и академијата, туку тој како и претседателката на Судскиот совет, Дамева и претседателот на Здружението на судиите, Џолев побараа да биде вклучена судската власт.
Епилог
Останува да видиме кој ќе биде крајниот епилог и дали навистина ќе се распушти судскиот совет или пак ќе се слушнат препораките на евроамбасадорите.