ВМРО-ДПМНЕ со полна пареа го започна својот мандат. Денеска сме сведоци на уште една инвестиција која ќе обезбеди 110 работни места.
Нова странска инвестиција во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места. Денеска се сретнавме со компанијата ЕПСОТЕК, германска компанија која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во општина Петровец. Ќе има сериозен научно истражувачки центар кој ќе вработи високо образовен кадар. Продолжуваме со инвестиции кои ќе отворат нови работни места и ќе ја придвижат економијата, вели Николоски.