Конкретни чекори од Таравари
Директорот на Онкологија ќе мора да стави на хартија кои профили на медицински кадар се потребни за функционирање на клиниката. Наредната недела министерот за здравство ги чека конкретни барања за да почне да ги решава проблемите на Онкологија.
Современа терапија за пациентите
Проблем е и терапијата, бројот на пациенти постојано се зголемува и таа се троши побрзо од предвиденото. Онколошките пациенти бараат современа терапија.
Терапија на повеќе месста
Здравствените власти ветија дека во најкус период ќе почнат да работат амбулантите во битолската, тетовската и во ГОБ „8 Септември“, се со цел пациенти да добијат терапија блиску до нивното место на живеење, но и да се намали ударот на Онкологија.
Собработка со Министерство за финансии за итни вработувања
Новиот министер Таравари најави активна соработка со министерството за финансии, и како што вели „Ќе направам притисок во министерството за финансии за итни вработувања во здравството“. Тој најави дека во текот на следната недела ќе се види со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и со неа ќе направат во најбрз рок да има нови вработувања.