Мицкоски најавува одговорност
Нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност. Премиерот Мицкоски не се откажува од темелни реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Наместо да се засрамат тие продолжуваат да ги трошат народните пари и се закануваат, вели Христијан Мицкоски.
Тој ја повика фелата на разговори за подобрување на правосудниот систем за кој вели дека промени се неопходни.
Се огласи и Советот на јавни обвинители
Советот на јавни обвинители контра премиерот. Нивното распуштање би било штетно за целата обвинителска организација и целосно би ја нарушила работата на јавното обвинителство, смета претседателката Душица Димитревска. Според неа одговорноста мора да биде индивидуална.
Амбасадорите со коментар
Против разрешувањето на Судскиот и Советот на јавни обвинители се и амбасадорите во земјава кои ги отфрлија обвинувањата на првиот човек на владата оти се мешале во како што рече внатрешните работи на земјата.
Судската фела е таа која на крајот треба да ги спроведе реформите и во своите редови да ги открие оние кои имаат бизнис и политички релации сметаат невладините.