Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Куратица. Според првичните информации во несреќата загинал мотоциклист кој се судрил со автобус.

Полициски екипи извршија увид на местото на несреќата.

Сообраќајот на магистралниот пат беше во прекин, а повторно беше нормализиран околу 22 часот и 15 минути.