Оттаму информираат дека спасувачката акција траела три часа, од 4 до 7 часот утрово, кога со јажиња бил извлечен човекот заробен во тиња и кал.
Во акцијата учествувале пожарникари од Територијалната противпожарна единица, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, како и екипи на Итната медицинска помош од Куманово.
„Ситуацијата била опасна бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била буквално како маскиран жив песок. со исушен слој најгоре на површината, а надолу како да немало дно“, велат од ЦУК.
Од ЦУК информираат дека итниот случај на бројот 112 го пријавил риболовец, кој ги слушнал повиците за помош на лицето кое се заглавило во длабока тиња и кал на тој потег од реката Пчиња.