Ергодан потсети на зборовите на бошњачкиот воен водач Алија Изетбеговиќ дека „не го заборавајте геноцидот, бидејќи геноцидот што е заборавен ќе се повтори“, нагласувајќи дека палестинскиот народ во Појасот Газа и окупираните палестински територии денес се изложени на слични злосторства на оние во Сребреница пред 29 години.
„Меѓународните институции и организации само го следат убиството на речиси 40.000 невини луѓе, вклучително и 16.000 деца, исто како пред 29 години во Сребреница“, рече турскиот претседател.
Според него, „целиот свет минува низ тест на хуманост и искреност“, додавајќи дека „оние кои се одговорни за варварството во Газа порано или подоцна ќе одговараат пред меѓународното право“.
„Турција ќе продолжи да прави се за да обезбеди правдата да биде задоволена и сторителите на геноцидот да одговараат“, рече Ердоган.
Турскиот претседател изрази жалење за постоењето на оние кои продолжуваат да го негираат геноцидот во Сребреница и кои, и покрај пресудите на меѓународните судови, ги величат воените злосторници.
Тој нагласи дека е загрижен и за „нападите и малтретирањето на луѓето кои се вратиле во своите домови по војната“.
„Очекуваме локалните власти да го направат својот дел секој граѓанин на БиХ, без разлика на етничката припадност, да се чувствува безбедно каде што живее. За да се одржи постојан мир и стабилност во БиХ, мора целосно да се напушти секаков вид говор на омраза. Ние мора да бара начини за ширење на културата на мир, толеранција и помирување“, рече Ердоган.
Тој додаде дека сака да се постигне внатрешен консензус во БиХ, кој ќе ги вклучи сите сегменти.
„Сите треба да имаат на ум дека никој нема да има корист од конфликти и тензии. Турција ќе продолжи да прави се за да ја трансформира БиХ во место на стабилност, мир и просперитет. Секогаш ќе продолжиме да даваме безусловна поддршка за територијалниот интегритет, политичкото единство и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Ердоган.
Денеска во Меморијалниот центар Поточари се одбележува 29-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во и околу Сребреница, извршен од српските сили во јули 1995 година.
Во Поточари денеска ќе бидат погребани посмртните останки на 14 идентификувани жртви од Сребреница.