Првиот човек на министерството за транспорт и врски се сретна со претставници на Европската инвестициона банка. Тој вели дека допрва ќе се направат многу инфраструктурни проекти, а фокусот е ставен на финансиската поддршка токму од нив.
Владата е силно фокусирана на реализација на капитални инвестиции! Вчера имавме работна средба со претставници на Европската инвестициона банка, разговаравме за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка за истите од страна на ЕИБ. Ќе направиме многу големи инфраструктурни проекти, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.