Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово, соопштува Министерството за правда на Косово.
Организацијата на воени ветерани на Косово упати повик до институциите на Северна Македонија веднаш да го ослободат Блерим Рамадани.
Амбасадорот на Косово и косовските властите работат на брзо ослободување на Рамадани.
Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани, велат косовските власти.
Рамадани е уапсен во Северна Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.