Посочуваат дека како и сите авиокомпании денес, и „Wizz Air“ се соочува со екстремни технички предизвици со прекинот на глобалните ИТ системи од трета страна.
„Патниците на Wizz Air може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации привремено се недостапни.
Следниве онлајн услуги во моментов не се достапни:
Веб-страница и мобилна апликација на Wizz Air;
Систем за резервации;
Онлајн систем за пријавување и прикажување на картата за патување;
Контакт центри – нови резервации и промени на постоечките.
За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот.
Ви благодариме за разбирањето додека се справуваме со ефектите од глобалниот прекин на ИТ системите. Тимот на Wizz Air прави се што е можно за да се минимизираат нарушувањата за нашите патници”, велат од Wizz Air.