Никола Спасов, мислејќи дека со низок ПР, исполнет со лаги манипулации, ќе му се допадне на народот, тој го докажува само спротивното. Народот уште повеќе ги подржува политиките, на Владата, а рејтингот на СДС и понатаму вртоглаво паѓа, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Над 900.000 евра, пари на граѓаните има добиено Спасов од владата на СДС, преку неговата агенција Рејтинг, а дел и за организирање измислени настани. Местење на договорени тендери, за неговата агенција Рејтинг, не е исто со водење на јавни односи на партија. Очигледно Спасов е научен, само преку местенки и позадински игри, да си ги завршува работите во животот. Но овој пат тоа нема да му помине, бидејќи граѓаните го имаат прочитано. Ваквиот начин на водење на партијата, од страна на Спасов и Филипче, е срам за чесните членови на СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.