Заврши истрагата за Палчо
Заврши истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за грабнувањето и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.
Од Обвинителството информираат дека тече законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите. Адвокатот на Палевски, Витановски за МТВ потврди дека бил известен и дека е добро што му се овозможува увид и тоа за првпат.
ОЈО ќе бара одложување на почетокот на судењето
Од Обвинителството појаснуваат зошто се бара спојувањето.
„Со цел да се овозможи единственост на постапката, Обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети.“, информираат од Обвинителство.
Добро е вели Витановски што во исто време ќе почне и постапката за сите обвинети.
Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање во извршување на кривичното дело. Против него ќе се води одвоено, тврдат од Обвинителството.