Претставниците на Македонците во Албанија, предводени од Васил Стерјовски, се сретнаа со претседателката Силјановска Давкова на која разговараа за поддршка и правна помош. Тие планираат да се сретнат со премиерот Мицкоски следната недела во Охрид за да ја продолжат својата кауза.

Претставниците на Македонците во Албанија бараат правна и национална поддршка

Претставниците на Македонците во Албанија беа на средба со претседателката Силјановска Давкова најавија „тет а тет“ средба со премиерот Мицкоски следната недела во Охрид. Фалсификуваниот попис во Албанија е резултат на договор меѓу Тирана и Софија, вели за ТВ 24 Васил Стерјовски, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија. Стерјовски, кој денеска ја предводеше делегацијата на средбата во Вила Водно, вели дека отворено побарале поддршка и правна помош од шефот на државата.

Борба за точни резултати од пописот

„Нашата борба ќе биде во сите судски инстанци во Албанија и ако не победиме, подготвени сме да одиме и во Стразбур“, вели Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија. Претставниците наскоро планираат средба со премиерот Мицкоски. Тие ќе дадат предлози како Македонија може да помогне да се обезбеди опстанок на Македонците во Албанија, кои живеат автохтоно на своите територии и се една од најзапоставените заедници.

Долгорочни решенија и прашања за државјанството

Стерјовски ја истакна потребата од долгорочно решение и национална стратегија поддржана од сите македонски партии, вклучително и власта и опозицијата.

„Има многу аспекти за поддршка. Едно од нашите барања е Македонците во Албанија да добијат македонско државјанство. Повеќето Македонци немаат македонско државјанство. Згора на тоа, тие треба да можат да добијат лични карти. Како може Бугарија да продава бугарски државјанства, да дава фиктивни адреси и издава лични карти?” рече Стерјовски.

Претседателска и владина поддршка

Од кабинетот на шефот на државата изјавија дека Силјановска Давкова ги поддржува напорите на претставниците на македонското малцинство во Албанија за унапредување на нивните права. Претседателката Силјановска Давкова ја истакна важноста пописот секогаш да ја одразува реалноста во секое општество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

На пописните резултати во Албанија реагираше и македонското МНР, а амбасадорот Данчо Марковски е вратен на консултации во земјава.