Исполнувањето на аманетот на нашите државотворци од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија.
Денеска во Скопје во чест на 2 Август, одадовме почит пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и пред споменикот на АСНОМ.
Благодарни сме за нивната борба со што се оствари сонот за слободна македонска држава.
Денес е време за борба за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни.
Нека е честит и вековит Илинден и АСНОМ. Нека е за многу години денешниот ден и да ни е вечна и вековита Републиката!- напиша Филипче на својот фејсбук профил.