Потпретседателката на САД, Камала Харис и официјално стана претседателски кандидат на демократите. Таа е првата Афро и јужноазиска американка која станала претседателски кандидат на водечка американска партија која ќе се соочи со експретседателот Трамп на изборите во ноември.

Нејзината номинација следи по повлекувањето на Бајден од трката по лошиот настап на дебатата со Трамп. Се очекува Харис наскоро да го објави и својот наследник. Во кругот на можни кандидати се наведуваат гувернерите на Пенсилванија и Минесота, Шпиро и Валц.