Новата учебна година ќе започне на 2. септември – понеделник и ќе трае до 10 јуни , следната година. Но, нема да има пролетен распуст, кој што беше воведен изминатата учебна година. Укинувањето на пролетниот распуст е на барање на родителите и на повозрасните ученици, кои во анкетата што ја свпроведе МОН, се изјасниле дека тој им е повеќе комликација, отколку поволност, кажа министерката за образование, Јаневска, пренесува Телма.
Децата губеле континуитет , родителите нема каде да ги остават помалите дечиња. Не им се поклопува со одредени празници, за да можат заеднички да ги искористат. Сметаат дека е повеќе комликација , отколку поволност, кажа Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Стотици илјади учебници се печатат за новата учебна година . Дел се дистрибуирани во училиштата, а дел кога ќе излезат од печат ќе се дистрибуираат, кажа министерката за образование. Поради недовршени процедури од претходната власт, учениците од 7 одделение ќе учат од нови учебници, но по старата програма, зашто како што рече Јаневска , поради големото незадовоство на сите чинители во образовниот процес од новата Концепција што ја воведе претходната власт, учебниците за 7 и 8 одделение се на јавна расправа која ќе продолжи и по летниот период. А, во претстојната учебна година учениците како досега, ќе се снаоѓаат со материјали за странските јазици .
Нема да има учебници за странски јазици. Но, учебници за странски јазици ќе има догодина. И нема да има печатен, значи хартиен материјал за јазиците на заедниците, кои ќе бидат објавени на веб страната на БРО. А, бидејќи станува збор за јазик , наставниците користејќи ги тие материјали ќе можат да им предаваат на учениците, рече министерката Јаневска.
Во печат се и учебниците за 1 година и сите одобрени за 2 година, за средно, стручно образование . Подготовката на учебниците за 2, 3 и 4 година не била завршена од претходната власт , но Јаневска кажа дека ќе се интензивира и како учебниците се одобруваат, ќе одат во печат. Министерката најави изградба на 28 нови спорски сали низ државата , во следниве 3 години, при денешната обиколка на салата во изградба , за основното училиште „ Наум Охридски“, во село Булачани, што ја финансира Општина Гази Баба со 26 милиони денари. Целта е создавање подобри услови за учениците и наставниците, зашто одливот на граѓани е констатиран со запишани 500 првачиња помалку за престојната учебна година, во однос на минатата година.