Маратонецот Дарио Ивановски денес ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри трчајќи го маратонот на 42 километри.

Ивановски во Париз ќе се обиде да го подобри неговото најдобро време од 2:08:26, остварено оваа сезона, што е и национален рекорд во маратон.

Овој рекорд тој го постави во Севиља во Шпанија во февруари оваа година. Олимпискиот рекорд во маратон го држи Самуел Камау Ванџиру од Кенија и изнесува 2:06:32 поставен на игрите во Пекинг, додека светскиот рекорд го држи друг Кениец, Келвин Киптум и изнесува 2:00:35 поставен во октомври минатата година во Чикаго.