Денеска се одбележуваат 23 години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Владата ќе одржи свечена седница на која ќе имаат обраќање премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.
Прославата за одбележување на Охридскиот рамковен договор, кој некогаш значеше обединување на албанскиот блок, денеска е причина за кавга. Наместо со една, денот ќе биде одбележат со две прослави.
Министерот Таравари смета дека ДУИ не можат да прифатат дека се опозиција, па решиле да организираат приватна забава.