Едно лице загина во пожарите што во понеделникот ги зафатија атинските предградија на Грција. Телото, за кое се верува дека е женско, било пронајдено во продавница во градот Врилисија, северна Атина.
Илјадници луѓе беа евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домовите, деловните објекти и училиштата, а пожарите се очекува да продолжат и денеска.
❗️🔥🇬🇷 – Forest fires are spreading at an alarming rate near Athens, helped by wind and temperatures exceeding 30 degrees Celsius.
Many people living on the outskirts of the city have fled their homes amid several evacuation alerts issued by authorities. pic.twitter.com/bmdqPx5i7Y
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) August 12, 2024
Портпаролот на противпожарната служба, полковник Василиос Ватракоџанис, рече дека иако веќе нема активен огнен фронт во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сепак има „многу активни локализирани пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази солидарност со Грција која се бори со големиот шумски пожар во североисточниот дел на Атика. Во објавата на платформата Х во понеделникот, таа рече:
„Ја поддржуваме Грција во нејзината борба против разорните пожари“ и објави дека ЕУ испраќа поддршка за спас на Грција, вклучувајќи два авиони од Италија и хеликоптер од Франција. Помош за Грција испраќаат и Чешка и Романија.
Речиси 700 пожарникари, поддржани од волонтери, 199 противпожарни возила и 33 противпожарни авиони се борат со пожарот, кој избувна во неделата во 15 часот, на 35 километри северно од главниот град Атина.