Некои едвај го чекаа први септември, да се вратат во училишните клупи и да започнат со нови цели, но за некои први септември е најлош ден што може да се случи. Крај на секојдневните излегувања, без обврски, спиење до доцна попладне.
Како изгледаше некогаш првиот школски ден?
Децата повеќе играа, децата од соседството одеа на училиште во групи, а учителката секогаш беше во право.
Училишните чанти беа полесни бидејќи имаше помалку учебници и тетратки, а нивната цена беше поволна и прифатлива. Децата беа среќни, безгрижни, со нетрпение го очекуваа училиштето, освен моментот кога учителката за казна ќе ги испратеше во ‘магарешката клупата’.
Одевме на училиште во групи, а играњето и дружењето беа пред се. Родителите никогаш не би застанале на страната на детето. Имаше различни пристапи кон професорите и наставата, како и часовите и училишните клупи.
Како први септември изгледа денес?
Први септември иако под други услови и денес е со убава еуфорија каде акцент се става на ученикот. Родителите среќни и возбудени, прават фотографии од децата и ги учат како да се однесуваат во оваа установа.
Карактеристики на овој ден
Во минатото му се даваше важност на овој ден, но денеска само првачињата се тие кои се највозбудени, а уште повозбудени се и нивните родители. “Брзај, брзај прваче”, песничка која ја знаеја сите првачиња. Со неа ги пуштаа првите чекори во образованието и така започнуваше дружењето со Букварот, на кој сите ние добро се сеќаваме како изгледаше и што се, се криеше во неговите корици.
Некогаш и сега
Сите седеат исплашени, возбудени, уште на прв поглед ја засакуваа учителката. Среќата се познаваше на детските лица. Никој тогаш од родителите на вадеше апарат за да го слика своето најмило, туку сите уживаа во првиот училишен ден. Но, денеска има голема разлика. Родителите едвај чекаат да споделат по неколку слики на социјалните мрежи и да ги известат сите дека нивните деца тргнуваат во училиште, нешто нели што е задолжително. Забораваат да уживаат тие неколку минути таму, туку се препуштени за сликање и правење спомени со сликите, а не со мислите. Разликата е голема, се менуваат многу работи, па се менува и први септември.