Извоз од најмалку 35 милони евра во првата година треба да донесе новата фабрика за литиумски батерии во ТИРЗ во Скопје, обзнани премиерот Христијан Мицкоски на денешното удирање на камен-темелникот на новата странска инвестиција.
Инвестиција од 65 милиони евра
Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ тежи 65 милиони евра, а според претставничката Јелица Ивановска фабриката веќе работи со производни линии во просториите на поранешен „Раде Кончар“.
До 1000 вработени и 40 прозиводни линии
Погонот кој се очекува да работи со полна сила во мај може да отвори пазари за извор и во други земји освен Германија, со која во моментот најмногу работи „BMZ Group“. Планирани се 40 производни линии во првата фаза и до 1.000 вработени.
– Во тек се преговори за проширување на две постоечки инвестиции од странски инвеститори, но и една нова од моќна членка на ЕУ и таа ќе се заврши до крајот на годината. Мислам дека со тоа ќе биде исцрпен потенцијалот на човечки инвестиции од ваков тип кај нас. Не може човек да не биде радосен кога се отвора инвестиција од 65 милиони евра со минимум 750 вработени, планиран е извоз од 35-40 милиони евра извоз во првите години, максиум 60 милиони во првите три години, а извозот понатаму може да достигне и до 130 милиони евра. Да се множат ваквите инвестици – рече Мицкоски.
Мицкоски зборуваше и за порастот на индустриското производство од 3,8% и факторите што влијаеле на тоа. Тој вели дека во првите два квартали имало големи падови при работата на претходната влада, а во мај падот бил двоцифрен.
Инвестициски бум
Од почетокот на мандатот веќе има неколку успешни инвестиции од владата предводена од Мицкоски.
Премиерот Мицкоски ги соопшти очекувањата
Премиерот очекува БДП-то да расте до крајот на годината, а меѓу причините ја спомна и стабилната бизнис-атмосферата во земјата во која, како што вели, сега нема „фудбалчиња по кабинети и рекетирања“.
Групацијата BMZ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Седиштето на BMZ Holding GmbH е во Карлштајн на Мајна, Германија. Производствените капацитети на групацијата се лоцирани во Германија, Кина, Полска и САД, а има отворено претставништва за продажба во Јапонија, Велика Британија и Франција.