Честитка по повод Денот на независноста која ја упати лидерот на СДСМ Венко Филипче ја пренесуваме во продолжение:
Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет.
Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок. Нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност.
Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок, пишува Филипче во честитката.