Повторно расте бројот на заболени деца од голема кашлица. Во последната недела се регистрирани 25 нови случаи, речиси двојно повеќе од претходната седмица, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од новозаболените се од Скопје, на возраст под една година и некомплетно вакцинирани.
Случаи се пријавени и во Тетово, Куманово, Кратово и Крива Паланка. Поради компликации од бактериската инфекција, 5 доенчиња биле задржани на болничко лекување во болницата „Козле“ и на Детската клиника.
Досега се евидентирани 1074 заболени од Пертусис. Епидемија пролетта беше прогласена во Скопје, Куманово и во Тетово.