Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година, се вели во соопштението на МВР.
„Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви. Поднесувањето документи и сликањето за возачка дозвола на шалтерите се врши без потреба од закажување на сите пунктови за вадење на лични документи во управни служби на министерството за внатрешни работи“, се додава во соопштението.
Министерството ги повикува сите граѓани кои сè уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.