Образовните асистенти започнуваат со работа

Дел од образовните асистенти почнаа со работа, другите ги потпишуваат договорите. Од МОН велат дека до крајот на неделава проблемот ќе биде надминат.

Јаневска: Образованите асистенти постепено навлегуваат во училиштата – од јануари системско решавање на проблемот

Во основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ има образовни асистенти. Тие почнуваат со работа од среда и веќе се запознаа со децата на кои ќе им помагаат низ нивното образование.

Министерката најавува системско решавање на проблемот

Доцнењето на потпишувањето на договорите е одраз на ребалансот на Буџетот и на работењето на училиштето, вели министерката за образование Јаневска.

Министерката најави дека проблемот со образовните асистенти ќе се реши системски.

Јавна расправа

Предлог-измените на законите ќе бидат ставени на јавна расправа.

Поради доцнењето на потпишувањето на договорите, учебната година стартуваше без образовни асистенти. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација предупреди МОН да ја почитува обврската за обезбедување право на образование за секое дете без дискриминација