Избран кадровскиот состав во историската комисија

Премиерот Мицкоски потврди дека на затворена седница, Владата направила промена во кадровскиот состав на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Иако во јавноста се појавија и имиња на историчарите кои ќе бидат дел од Комисијата што треба да ја предводи професорот Ванчо Ѓорѓиев, шефот на Владата не ги потврди имињата зашто тоа било класифициран податок.

Кадровските промени доаѓаат по јавните забелешки на премиерот Мицкоски за работата на комисијата, предводена од Драги Георгиев од македонска страна, која, според него, не ги заштитила националните интереси на македонскиот народ.

Критики од Венко Филипче

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, не гледа чесни намери и искрени политики на премиерот Мицкоски во однос на евроинтеграциите со цел да се одблокира процесот на пристапните преговори.

Целта е решавање на спорот со Софија, македонските позиции се јасни

Премиерот Мицкоски сега чека во Софија да биде формирана политичка Влада за, како што рече, да се види дали таму постои желба за дијалог. Тој вели дека македонските позиции се јасни и оти земјава сака да разговара, но и оти е потребно да добие јасни гаранции.

Мицкоски веќе најави дека на 19 септември во Брисел ќе го презентира владиниот предлог за откочување на процесот на евроинтеграција на Македонија. Премиерот смета дека Брисел треба да покаже политичка волја за решавање на предизвиците што ја засегаат Македонија.