Потенцирана важноста на Коридор 10
На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор10.
Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.
Евроинтеграциски процес
На средбата, министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија.
„Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност“, истакна Николоски.